Со ревија на народни носии и концерт ќе бидат одбележани 65 години културно творештво и опстојување на културно – уметничкото друштво „Илинден“ од Битола кое 65 години се горди чувари на македонската традиција.

“Јубилејната програма ќе биде реализирана во текот на овој месец, како дел од прославата 65 години КУД „Илинден“ Битола и со повод, затоа што месец август е месецот на нашиот патрон Илинден и се состои од ревија на народни носии и концерт на традиционална музика и игра. Двата настана ќе се одржат на 13 и 14 август и заради здравствените протоколи ќе бидат од полуотворен тип. Во КЦ Магаза ќе се одржи ревијата, додека пак во амфитеатарот на Тумбе кафе ќе биде одржан концерт“, вели Антонијо Димитровски, претседател на КУД „Илинден“-Битола.

Во текот на годината ќе бидат промовирани видео и фото документацијата од настапите.