Иако се чинеше дека во средината на ноември минатата година, Валентино Роси ја извозе својата последна трка со мотоцикли и се пензионирал – сепак се излажавме.

Легендарниот „Доктор“ одлучи следната сезона да учествува во Светскиот ГТ шампионат, бидејќи потпиша договор со познатиот тим ВРТ Ауди.

Роси ќе биде дел од тимот на Ауди за познатите трки на издржливост и спринт-трките во 2022 година.

  • Многу сум среќен што можам да објавам дека следната година ќе се натпреварувам за тимот на ВРТ во Светскиот шампионат ГТ со Ауди Р8 ЛМС. Ќе има 10 трки. Ќе се тркам (меѓу другите) во Имола, Мизан и 24 сата Спа, напиша „Докторот“ на социјалните мрежи.