Шпанскиот весник „Марка“ објави дека комесарот на НБА лигата, Адам Силвер му упатил писмо на извршниот директор на Евролигата, Жорди Бартомеу во кое наводно го известил за своите намери. Но, овој пат портпаролот на НБА лигата, Маjк Бас се огласи поради овие написи во шпанскиот весник.

  • НБА лигата има долгогодишна соработка со ФИБА со цел развој на кошарката низ целиот свет преку иницијативи како што се кошарка без граници и кошаркарската лига на Африка. Исто така со години играме претсезонски натпревари против екипи кои играат во Евролигата. Како дел од нашата постојана соработка со двете заинтересирани страни, неодамна бевме повикани да учествуваме во дискусии за тоа како можеме заедно да работиме на развојот на кошарката во Европа. Се радуваме на идните разговори, изјави Бас кој исто така додаде дека комесарот Силвер не упатил никакво писмо до директорот на Евролигата, Бартомеу.