Николоски: Попис во април ќе значи 2400 мртви поради корона

39

Да се набавеа вакцини немаше да имаме ваква епидемиолошка слика. Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува ќе има 5500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат други е огромна, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

Повикувајќи се на кажувања на СЗО, Николсоки рече едно лице кога ќе заболи додека открие дека е болно заболува најмалку 9 лица.

„Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат“, кажа Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николски посочи дека ако Заев и Ахмети сакаат да го реализираат политичкиот договорот што го имаат тогаш тоа ќе биде нивна одговорност.

„Ако имаат малку одговорност истиот треба да го одложат“, рече Николоски.