Дома ЕКОНОМИЈА Нигерија прва во Африка воведе дигитална валута

Нигерија прва во Африка воведе дигитална валута

81
Нигерија стана првата земја во Африка која воведе дигитална валута – еНаира.

Лидерите од ова земја трвдат дека со овој потег ќе ја прошират достапноста на банкарските услуги и ќе доведат до засилување на економијата.

Оваа земја се придружува кон Бахамите, кои први воведоа дигитална валута, попозната како „песочен долар“.

Кина во моментов ја испитува можноста за воведување круптовалута, а Швајцарија и Банката на Франција први најавија меѓународен ваков обид во Европа.

Гувернерот на нигериската национална банка, Годвин Емефијеле истакнал дека постои голем интерес и охрабрувачка реакција во врска со криптовалутата, додавајќи дека веќе 33 банки, 2.000 корисници и 120 трговци успешно се регистрирале на платформата која е достапна како апликација е за Епл и за Андроид.