Необична комбинација – палачинки со тиквички

335

Тиквичките ги има во сите сезони, но сега им е топ сезона. Рецепти со нив има многу, како пржени во масло, похувани во јајца и презла, тиквички на скара, чипс од тиквички…

Ова е сосема една поинаква верзија, едно нова идеја за палачинки со тиквички, што вреди да се проба.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 350 мл млеко
  • 100 мл минирална вода
  • 1 тиквичка
  • 50 гр стопен путер
  • 250 гр остро брашно
  • сол, бибер
  • масло за пржење

Подготовка: 

Излупете ја тиквичката, и изрендајте ја. Додадете малку сол и оставете ја да отстои 20 минути за да пушти вода, а потоа исцедете ја.

Изматете ги јајцата во малку подлабок сад, додадете сол и бибер. Можете да додадете други зачини по вкус. Додадете брашно, млеко и минерална вода и измешајте ја смесата за палачинки. Смесата треба да биде малку погуста од онаа што вообичаено ја правиме за тенки палачинки.

Ако забележите дека е премногу ретка, додадете малку брашно во неа. Сега ставете ги изренданите и исцедени тиквички во смесата и промешајте.

Пржете ги палачинките во тава.

Може да ги послужите со кисела павлака измешана со ситно насецкан млад кромид или можеби некој додаток по ваш вкус. Одлични се полнети со месо, па запечени, или пак со некое полнење од зеленчук, исто така потпечени.

Како и да е, одлични се. Пријатен вкус и уживајте!