Американската тенисерка Серена Вилијамс ја одржа видео – конференцијата за медиумите на која  ги откри плановите за прдолжување на сезоната, а зборуваше и за искуството во текот на пандемијата со коронавирусот.

Серена истакан дека е спремна за враќање доколку тенисот се игра на највисоко ниво. Инсистира да се почитуваат мерките за заштита и здравјето на сите учесници да им биде загарантирано, бидејќи и самата станала опседната со тоа.

-Целиот свет зборува за оваа пандемија. Спортот денеска е еден од ретките работи кој луѓето може да ги развесели и да им понуди воздух, изјави Серена и воедно го раскажа нејзиното искуство со пандемијата.

-Почнав да вршам социјална дистанц уште на почетокот на март. Немам полн капацитет на градите, така што не знам што би можело да ми се случи ако закачам корона. Мислам дека се би било во ред, но не сакам да го предизвикувам ѓаволот. Исклучитрлно сум внимателна цело ова време, сите во мојот тим се заштитени. Ова е мојот живот, моето здравје. Кога патувам со себе носам педесет маски. Можам да кажам дека до одредена точка сум опсесивна, но тоа е начинот на кој моментно морам да се однесувам

Припадниците на медиумите беа заинтересирани и дали долгата пауза била корисна за неа.

-Мислам дека беше корисна. Ова беше ситуација како јас да сум била повредена, а сите други да прават пауза. Сега сите имаме исти можности да бидеме здрави. Имавме време да работиме на своето тело дома и покрај тоа што физичкатра форма секогаш е поразлична ког активно се игра, вели Американаката.

Кога е во прашање календарот за нтпреварување, осовјувачката на 23 грен слем титули нема дилеми дали да игра.

-Ќе се обидам да играм на сите турнири во случај истите да се одржат и покрај тоа што со време научив да не ја планирам иднината. Како турнирите беа откажувани, самата на себе си говорев: „Сега одам на работа, ќе уживам во секој ден и ќе видиме што ќе се случи, заврши  Серена Вилијамс.