Агентот на велшкиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Герет Бејл, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека лондонскиот премиерлигаш, Тотенхем, има испратено официјална понуда за неговиот клиент.
Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека популарните „петли“ понудиле 60 мил. евра за обештетувањето на крилниот напаѓач. Агентот на Бејл откри дека нема никаква официјална понуда и додаде дека неговиот клиент вреди повеќе од 60 мил. евра.