Нема понуда за Алкантара

56

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, откри дека клупските челници нема да испратат официјална понуда за шпанскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Тијаго Алкантара. Искусниот играч за врска веќе потврди дека сака да си замине од „Алијанц арена“ за време на летниот преоден рок, а фудбалските медиуми шпекулираа дека „Енфилд“ ќе биде неговата следна дестинација. Од продажбата на Алкантара, баварскиот гигант очекува заработка од 30 мил. евра.