Нема ништо поважно од квалитетен сон:Научници утврдиле со КАКВА храна може да се постигне тоа

214

Техниките за подобрување на квалитетот на сонот, како што се легнување во исто време, вежбање и некористење електронски уреди пред спиење, се добро познати, а научниците сега утврдиле дека на квалитетот на сонот може да влијае исхраната.

Една студија неодамна објавена во Журналот на Академијата за исхрана и диететика анализирала 20 претходни студии објавени помеѓу 1975 и 2021 година.

Целта беше да се одреди кој тип на диета најдобро помага да се подобри квалитетот на сонот.

Истражувачите нагласиле дека медитеранската исхрана е подобра од другите и дека може да ви помогне полесно да заспиете и подобро да спиете.

„Оние кои јадат повеќе храна богата со влакна, здрави масти, овошје и зеленчук богати со серотонин и мелатонин и внесуваат антиинфламаторни хранливи материи (како што се антиоксиданти или омега-3 масни киселини) спијат подобро“, изјави Кетрин Вилсон за It Dis. “

Д-р Мајкл Граднер, директор на Центарот за сон на Универзитетот во Аризона, објаснува дека врската помеѓу спиењето и исхраната не зависи толку од специфичната храна, туку од начинот на кој јадеме.

„Здравата исхрана, особено онаа која има доволна рамнотежа на хранливи материи, во која најголемиот дел од калориите се внесуваат во средината на денот, може да има поголема корист од квалитетниот сон“, вели Граднер.