Неколку скопски населби и села утре без струја

146

Дел од корисниците од населбата Петровец, лоцирани на улиците „5“, „7“, „9“ и на дел од улицата „1“, утре од  8:00 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:00 часот,  без струја ќе бидат и дел од потрошувачите од улиците „22“ и „20“ во населбата Кисела Јабука, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од селото Идризово, од 10:00 до 14:00 часот делот од улицата „Антон Димитров“ на потегот од улицата „Скендер Бег“ до улицата „Робеспјерова“, како и улиците „Радое Дакиќ“ и „Скендер Бег“ во населбата Драчево, а од 11:00 до 14:00 часот делот од село Арачиново во близина на СЕИД-Маркет.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.