Некои се борат за историја, а некои за да имаат што да јадат

98

Тенискиот стручњак Тиери Асион зборуваше за влијанието од суспензијата на тениската сезона, на членовите од „големата тројка“.

Тениската сезона е суспендирана до 13 јули, но повеќе од сигурно е дека оваа суспензија ќе биде продолжена на подолго време. Најголем шок за тенисерите беше одлуката на организаторите на третиот грен слем турнир Вимблдон. Тие одлучија овој турнир воопшто да не се одигра оваа сезона.

Многумина овој турнир го видоа и како последна шанса за 38-годишниот Роже Федерер да освои уште еден грен слем турнир.

-Мислам дека Ѓоковиќ оваа година беше подготвен да освои два грен слем турнири. На Надал требаше да му припадне Ролан Гарос и затоа моменталната ситуација не е добра за двајцата, изјави Асион и додаде:

-За нив е важно да играат грен слем турнири, особено за Рафа и Новак, САД Опен и Ролан Гарос.

Француските тенисери Ришард Гаске и Жо Вилфред Цонга веруваат дека немањето турнири е поголем проблем од борбата за местото најдобар во историјата во белиот спорт.

-Сите ќе ги почувствуваат последиците, оние кои пишуваат историја и оние кои играат само за да се прехранат. За тенисот е ужасно што не се игра. Нормално, многу други работи во светот се поважни од тенисот, но и на тенисот не му е лесно. Можно е да не се игра ниту до декември, велат двајцата француски тенисери.