Невозможно и недозволиво:Продуцентите не му го продолжиле договорот откако дознале дека ТВ-водителот има рак

3059
Фото: Instagram / jonnieirwintv

Британскиот водител на емисијата „Место под сонцето“ Џони Ирвин, доживеал голем шок кога дознал дека продуцентите нема да му го продолжат работниот договор поради болеста.

Тој на своите соработници им соопштил дека има рак во терминална фаза, а потоа добил отказ за што јавно проговори за „Сан“. Имено, тој откри дека Фриформ продакшнс, го исплатиле за остатокот од сезоната и не му го обновиле договорот, оценувајќи го потегот како крајно „низок“.

На почетокот на ноември, инаку, Џони открил дека неговиот рак метастазирал и се проширил во неговиот мозок.

Ирвин е водител на A Place in the Sun од 2004 година и се појавува во емисијата Escape to the Country на BBC One од 2010 година. Нему му беше дијагностициран рак во 2020 година и му дадоа шест месеци живот, но до неодамна не ја имаше објавено јавно својата дијагноза.

Можев да работам на емисијата „Бегство на село“ и да патувам неколку дена. Кога ми рекоа дека не можат, ме скрши срцето. Тоа што повеќе не го водам шоуто влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум семеен човек, но сакам да сум водител, да патувам и да заработувам за моето семејство. Не мислеа на мене – верува Џони и потоа рече дека брзо му нашле замена.

– По две недели, ново лице го презеде шоуто. Мислам дека по 18 години заслужувам малку повеќе почит. На крајот на краиштата, тоа беше мојата прва телевизиска работа – додаде водителот.

„Фриформ“ и „Канал 4“, каде што се емитува емисијата, рекоа дека „ниту еден камен  не останал непревртен“ за да се најде начин како тој да остане, но не можеле да добијат осигурување.

– Иако не можевме да продолжиме со снимањето со него во странство, драго ни е што тој успеа да остане како дел од нашиот тим во Обединетото Кралство. Ние, се разбира, разбираме колку мора да биде фрустрирачко за него во ова неверојатно тешко време – напишаа тие во соопштението.

Инаку, Ирвин е оженет и има синови, близнаци и уште еден наследник.