НЕВЕРОЈАТНО: Фановите на Тејлор Свифт кампуваат пред салата пет месеци пред концертот/ВИДЕО

434

Пејачката Тејлор Свифт веќе со месеци ги полни арените на нејзината „Eres Tour“, а обожавателите се подготвени да одат до крајни граници само за да си ги обезбедат своите места.

Имено, само неколку дена откако беа објавени новите датуми на споменатата турнеја, фановите поставија шатори, откако билетите беа распродадени во рекордно време.

Иако многу фанови не купиле билети, тие не се откажуваат од кампувањето, дури и ако тоа е неколку месеци однапред, бидејќи можеби сепак ќе добијат шанса.

„Мојот билет е под знак прашалник. Мислам, сè уште немам пари да го купам, но ги пренесов моите информации на сите мои пријатели и семејството и со нивна помош се надевам дека ќе влезам“, изјави една девојка за аргентински Clarin.

„А, ако не, ќе ја слушам од надвор. Важно е да дојде во Аргентина“, додаде таа.

„Тејлор не е пејачка, таа е начин на живот“, вели еден фан.