Неверојатни откритија:Мозокот на среќните луѓе изгледа поинаку!

91

Старогрчкиот философ велел дека повеќето луѓе се во потрага по среќа, но сите ја бараат на различни начини.

За да бидете среќни, потребно е да имате внатрешно чувство на задоволство, напоменува Дејвид Крозби, претседател на Советот за ментално здравје на Австралија. Психијатарот Норман Дојиџ, кој е и автор на книгата „Мозок кој се менува самиот себеси“, тврди дека состојбата на среќа е исклучитено поволна за здравјето на мозокот и дека затоа е многу важно да се трудиме тоа да го постигнеме.

„Со оглед на тоа дека сите имаме различни искуства и трагаме за различни видови среќа на различни начини, тогаш и тие доживувања различно се обликуваат нашиот мозок, па се појавуваат различни групи нервни клетки, објаснва Дојиџ.

Науката докажа како изгледа несреќен мозок, утврдувајќи дека постојат девет зони кои се активни при хронична болка. Од друга страна, кога човек се чувствува пријатно, одредени зони стануваат посветли. Но сферите на мозочна активност се поинакви и кај сите среќни личности, бидејќи зависат од тоа што ги придвижува, дали е тоа хедонизам, потреба да се постигне апсолутна добрина или, пак, престиж.

Суштината е дека секој од нас има сопствена вредноста рамка за среќа и дека сите се раѓаме со способност да бидеме среќни. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека некои луѓе се генетски програмирани да бидат посреќни од други, но дека тоа не смее да не обесхрабри да не се трудиме сами да постигнеме што повисоко ниво од овие состојби, „вежбајќи“ го тоа секојдневно.

Стручњаците препорачуваат да се зграби среќата така што ќе се насочи вниманието кон некое хоби, односно страст. Занимавањето со возбудлива, креативна активност го зголемува општото ниво на среќа. Не е важно што ќе се избере, се доаѓа предвид – и пеење, и цртање, и правење накит и спорт и посветеност на билки и уредување на домот.

Среќата нема правец од внатре кон надвор, туку обратно – од надвор кон внатре. Затоа мора да правите нешто убаво за вашата внатрешност да биде убаво исполнета, порачуваат стручњаците.