Слојот на мраз на Гренланд може да биде дебел неколку километри, а во текот на летото вообичаено е дел од површината да се стопи и да се создаде езеро. Тоа езеро потоа може да пронајде пукнатини во мразот, да се прошири под притисок и да создаде голем отвор кој се спушта до дното на ледената покривка која е за километар пониска.

Тој познат феномен е тешко директно да се набљудува, но глациозите од Scott Polar Research Institute од Универзитетот во Кембриџ имале среќа да присуствуваат на појава на овој феномен на западот на Гренланд. Тие го набљудувале езерото и забележале дека две третини или речиси пет милиони литри, за време од пет часа исчезнале од површината и пропаднале во тлото.


На снимките од воздух направени со дрон се гледа голема темно сина елипса која преминува во помал светло син круг во длабочините.

„Беспилотното летало ни помага да направиме високо квалитетни снимки во области што не се безбедни за научниците“, рече Том Чедли, докторант и пилот на беспилотни летала.

Глечерот Стор се поместува 600 метри за една година. Научниците виделе дека ненадејното празнење на езерото некое време ја зголемува брзината на движење на глечерот од два на околу пет метри на ден. Водата што поминува под мразот, имено, го „подмачкува“ глечерот.

Уште изненадувачки е што на неколку часа водата крена огромен слој мраз за 55 см, велат научниците.

„Мразот е дебел еден километар, можете да замислите колку е потребен притисок“, рече Чедли.

Целта на студијата објавена во списанието ПНАС во понеделникот е поцелосно да се опише појавата на овие огромни пукнатини кои стануваат „автопати“ по кои водата тече од површината до основата на капата, што може да го забрза движењето на глечерите.

„Количината на вода што се испразнува од езерото може да се зголемува на нови локации за кои не знаевме досега“, предупреди Том Чедли.