Затемнувањето на Сонцето или „огнениот прстен“, како што го нарекуваат астрономите, беше видлив низ целата северна хемисфера во текот на денот.

Затемнувањето е прстенесто, што значи дека Месечината е доволно далеку од Земјата за да делува помала од Сонцето, наведува Си-Ен-Ен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA (@nasa)

Делумното затемнување на Сонцето имаа можност да го видат жителите на планетата од Канада, преку Гренланд и Арктичкиот океан до Далечниот исток на Русија.

Привидната големина на Месечината, поради големото растојание од Земјата, не беше доволна за да го покрие сончевиот диск. Феноменот можеше да се види најдолго и тоа 231 секунда, од северозападен Гренланд во 12:41 часот.

Надвор од тој појас, кој што на Гренланд е широк 521 километри, во поголемиот дел од Северна Америка, Европа и Азија, ова затемнување може да се види како делумно затемнување на Сонцето.