Поранешниот хрватски тенисер и сегашен тренер на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, не е претерано убеден дека ќе се игра тенис во 2020 година.

Тренерот на најдобриот ренисер во светот моментно не е со него, бидејќи сезоната е суспендирана до 13 јули.

-Мислам дека оваа година воопшто нема да се игра тенис. Мојата најоптимална погноза е дека тенисерите ќе се вратат на Австралија опен наредната година, но и за тоа не сум сигурен. Во некоја рака тоа би било една година без тренис. Каде што застанавме, таму да продолжиме, изјави Иванишевиќ и додаде дека најтешко му паднало откажувањето на Вимблдон, турнир кој веќе еднаш го има освоено.

-Можам да се сложам дека звучи неверојатно, сепак тоа е Вимблдон, кај повеќето предизвикува посебни емоции. Така и кај мене иако се знаеше дека ќе биде донесена таква одлука. Што е тука е, животот оди понатаму.

За време на пандемијата со коронавирусот Горан времето во изолација го поминува во Загреб, а Новак со своето семејство е во Марбела.

-Ќе биде многу незгодно. Од турнирите, играчите, тренерите… Да не ги споменувам сите други кои на еден или друг начин се вмешани. Некои да кажаше пред три месеци дека ќе има пандемија, никој немаше да поверува. Ќе биде интересно да се следи како сето ова ќе заврши и кога повторно ќе почне да се игра, заврши хрватскиот тениски стручњак.