Рафаел Надал секогаш е фаворит за освојување на Ролан Гарос, без оглед на терминот во кој ќе се игра турнирот, тврди поранепниот тренер на Роже Федерер и Пит Сампрас, Пол Анакон.

Отвореното тениско првенство на Франција е променето за крајот на септември заради епидемијата од коронавирусот и ќе се игра само седум дена по завршувањето на САД Опен.

-Надал е фаворит на Ролан Гарос без разлика на а кога ќе се игра турнирот. Не гледам како може да загуби во Париз, изјави Анакон.

Поранешниот тренер на швајцаскиот тенисер откри и што е тоа што го прави посебен Шпанецот на овој турнир.

-Тој се бори за секој поен, как ништо освен тоа да не е важно. Сличен став имаше и Џими Конорс, но никогаш не сум видел подобар тенисер од Надал. Можеби звужи како клише, но доколку некој ве праша кого го бирате да игра за вашиот живот, како ќе можете да изберете некој друг, заврши Анакон

Сезоната во тенисот би требало да почне на 8. јуни но и тоа не е сигурно. Почетокот би можел да се одложи за уште некој месец заради пандемијата со коронавирусот.

Надал има освоено 12 титули на Ролан Гарос и е бранител на титулата, а неодамна истакна дека по завршувањето на пандемијата ќе игра сами на грен слем турнирите. Тој освен на Ролан Гарос е бранител на титулата и на САД Опен.