Не станува збор за бојкот, Кејн има друг проблем

278

Веста дека Хари Кејн не има се приклучи на останатите фудбалери на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, кои ги финишираат подготовките за новата сезона, нема никаква допирна точка со неговата желба да ја промени клупската средина, иако така не пишуваа британските медиуми.

Пред почетокот на ЕП 2020, капитенот на англиската фудбалска репрезентација јавно потврди дека сака да ја промени клупската средина до крајот на летниот преоден рок и дека сака да остане во Премиер лигата.

Пред една недела, англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека бранителот на тронот во Премиер лигата, Манчестер Сити, понудил 100 мил. фунти за обештетувањето на Кејн, но челниците на Тотенхем експресно ја одбиле богатата понуда.

Поради таквиот расплет, британските медиуми почнаа да пишуваат дека Кејн намерно не ги почнал подготовките за новата сезона затоа што сака изнуди трансфер на „Итихат“.

„Дејли Мејл“ пак откри дека Хари Кејн е во самоизолација затоа што пред неколку дена се вратил од Бахамите каде бил на одмор и затоа не го одработил утринскиот тренинг во понеделникот. Доколку тестот за коронавирус биде негативен, Кејн ќе се врати во тренинг кампот на Тотенхем на крајот од оваа недела или на почетокот од следната.

И покрај негативниот одговор за првата официјална понуда, фудбалските медиуми се убедени дека контроверзниот сопственик на популарните „петли“, Даниел Леви, ќе седне на преговарачката маса доколку челниците на Манчестер Сити испратат нова понуда која нема да биде помала од 150 мил. фунти.