„Не си сама“ – Бајага и Ѓура и посветија песна на актерката Милена Радуловиќ/ВИДЕО

304

Момчило Бајагиќ Бајага и Бранко Ѓуриќ, направија песна која го носи називот „Не си сама“. Песната е посветена на актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, кои во текот на изминатите денови ги изнесоа своите интимни признанија за сексуална злоупотреба од професорот по глума Мика Алексиќ.

Бајага е заслужен за текстот, додека популарниот Ѓуро ја отпеа песната со неговиот бенд Бомбај Штампа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by branko djuric (@branko_djuric_djuro)

Ѓуриќ оваа песна ја сподели на својот Инстаграм профил и попатно ги означи Милена и нејзината колешка Ива Илинчиќ, која исто така го пријави Алексиќ за злоупотреба.

Мика Алексиќ, славниот белградски учител по глума, пријавен за силување малолетнички