Јужноафриканскиот атлетичар Луво Мањонга има неверојатна животна приказна. Светскиот шампион во скок во далечина од Лондон во 2017 година растел во голема беда, во градот Мбеквени каде убиствата и разбојништвата биле како добар ден. Татко му бил возач на камион и не го ни познавал бидејќи никогаш не си доаѓал дома. Со двајца браќа и мајка растел во сиромаштија и едвај составувале крај со крај.

Во раното детство увидел дека има талент за атлетика и почнал да се занимава со овој спорт од забава.

-Прво почнав да се занимавам со атлетиката од забава, а пота за да побегнам од проблемите, почнав да се натпреварувам во скок во далечина на локалните натпревари. Бев прилично добар и мојот талент беше забележан од тренерот Марио Смит, кој ме усмери во префесионалното занимавање со атлетиката, изјави Луво.

Во 2012 година за првпат прескокна повеќе од осум метри и на тоа натпреварување добил голема парична наград. Одеднаш на неговата врата му се појавиле сите роднини и му барале пари. На сите им помогнал колку можел, па затоа набрзо и сам паднал во долгови.

Тренерот Смит се обидел да му помогне, меѓутоа Луво упаднал во светот на дрогата. Земал „тик“ некоја врста на метамфетамин и не поминало длго време кога паднал на допинг терст. Веднаш признал се и не барал втор тест. Одлучил да замине на рехабилитација и бил суспендиран на две години.

-Не се дрогирав за да бидам подобар во спортот, се дрогирав да побегнам од животните проблеми, изјави Луво.

Во 2014 претпе голема загуба. Во сообраќајна несреќа загна неговиот тренер Смит.

-За мене тоа беше голем шок. Ми беа потребни месеци да се опоравам од тагата. Дури не отидов ни на неговиот погреб, бидејќи се дрогирав со пријателитеи задоцнив на воз. Одлучив да го напуштам ѓаволскиот град. Добив стипендија во Преторија и почнав да тренирам со полна сила. Од пеколот на дрогата ме спаси Ирецот Џон Мек Грет, кој пред да стане кондиционен тренер чистел улици.

Во 2016 година осови сребрен медал на Игрите во Рио, потоа се закитив и со светското злато во Лондон, а убеден е и дека еден ден ќе го урне  светскиот рекорд во скок во далечина.

Верувам дека ќе станам првиот човек кои прескокнал девет метри. Мислам дека можам преку девет метри, заврши Луво.