Не само стомакот, и убавината треба да се нахрани

163

Здравите и вкусни ужинки не само што се корисни туку и пожелни затоа што освен што влијаат врз вашата убавина дирекно влијаат и врз квалитетот на вашата кожа, коса, нокти, а со тоа и на комплетниот изглед.

• Јогурт за бисерно бели заби
1 шолја ниско калоричен јогурт. Обезбедува половина од потребното дневно количество калциум у фосфор, кој учествува во зајакнување на забите.

Киви за намалување на брчките
Една шолја киви. Ова јужно овошје содржи витамин Ц, отколку чаша сок од портокал, односно 220 проценти од потребното дневно количество, а кој значително помага во борбата против брчките

Батат за мека кожа
Една шолја печен батат. Овој зеленчук познат и како сладок компир иако нема ништо заедничко со компирот, е карактеристичен по својата портокалова боја, која доѓа од богатството со бета-каротен, кој во телото се претвора витамин А во телото.


Ореви за сјајна коса
1/4 шолја ореви. Богати се со омега 3 масни киселини кои го одржуваат скалпот чист, без да се лупи, како и бакар, минерал кој природно помага во одржување на сјајот на влакното.

 

Какао за росна коса
Една шолја какао. Пијте какао за да внесете двојно повеќе антиоксидански флавоноли кои можете да ги добиете и од чаша црвено вино. Флавоноидите го зголемуваат протокот на крвта до кожата и придонесуваат за нејзиниот сјај.