Не сакаат врзување и бегаат од брак – три хороскопски знаци тешко ќе стапнат на “лудиот камен“

440

Бракот честопати се смета за „круна“ на љубовната врска. Мажите, барем кога е бракот во прашање, многу се комплицирани, а ако се родени во некој од овие три хороскопски знаци, тешко дека некогаш ќе се одлучат да застанат на лудиот камен.

Тие најчесто ја носат титулата на вечни ергени.

Близнаци

На мажите родени во знакот на Близнаци, сè брзо им досадува, па така и врските. Сакаат авантури и откривање нови работи, тешко им е себе да се замислат во врска со една жена до крајот на животот, а може да ги смири само партнерка која ќе ги стимулира интелектуално. Интелигенцијата за нив е најпривлечна карактеристика.

Стрелец

Стрелците се слободни луѓе кои сакаат да работат по своја волја и бракот како заедница во која е важен компромисот, не е за нив. мажите во овој знак повеќе сакаат пријателство и генерално љубов, но не семеен живот. Сакаат своите избранички да ги преплавуваат со подароци, нежност и емоции, но бракот како следен чекор кој се подразбира во врската, не е за нив.

Водолија

Мажите родени во овој знак ја сакаат својата слобода и независност. Љубовта и физичкиот однос се важни за Водолиите, но желбата за неограничен живот ја спречува длабоката интимност во љубовниот однос. Шармантен е и обожува припаднички на понежниот пол, па во животот обично има многу врски, но ниедна не ја крунисува со брак.