Не може исто да им ја скратите  палтата на Меси и Циндриќ

299

Легендарниот ракометар и сегашен тренер на хрватскиот шампион ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, се согласува дека на спортистите треба да им биде намалена платата за време на пандемијата со коронавирусот. Затоа ја искористи можноста и да го искористи својот став за астрономските договори на фудбалерите.

-Се сложувам дека треба да им се намалат платите на спортистите, но не по секоја цена на сите. Видете ја количината на пари во некои спортови. На пример, Меси и Циндриќ не можат да бидат казнети на ист начин. Не е исто да се намали палтата на некој што заработува милиони и некој со скромни примања. Не може да ми ја намите платата подеднакво на мене и на некој млад играч на ППД Загреб, кој е на почетокот на кариерата. Немам никакави информации од својот клуб, но мислам дека ситуацијата е стабилна, изјави Вујовиќ за босанските медиуми.

Се сложувам дека треба да им се намалат платите на спортистите, но не по секоја цена на сите. Видете ја количината на пари во некои спортови. На пример, Меси и Циндриќ не можат да бидат казнети на ист начин. Не е исто да се намали палтата на некој што заработува милиони и некој со скромни примања, истакана контроверзниот ракометен стручњак

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Словенија се осврна и на големите разлики во премиите меѓу фудбалерите и ракометарите на глобално ниво.

-Одамна тоа излезе од контрола. Слушам суми од 100, 200, 300 милиони eвра за еден спортист. Тоа за мене е болна работа. Па човек во една сезона се осигурува и себе и своите наследници, а ние во малите спортови тоа нема да го заработиме за цел живот. Кога читам за тие дрски и безобразни трансфери во фудбалот, секогаш помислувам дека таму се „перат“ многу пари, јасен беше Вујовиќ.

Тој очекува клубовите како неговиот ППД Загреб да биде во добивка по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.

-По овој хаос, средните и стабилните клубови како ППД Загреб би можеле да имаат голема корист. Зошто Карачиќ и Циндриќ би играле надвор, доколку можат истите пари да ги добијат дома? – заврши Вујовиќ, кој со својот тим обезбеди полуфинале во Регионалната СЕХА лига.