Не може да го преболи инцидентот – Алек Болдвин најави крај на актерската кариера

324

Холивудскиот актер, Алек Болдвин најави крај на кариера по фаталниот инцидент на сетот на филмот „Раст“ во кој загина снимателката Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден.

„Ова е веројатно крајот“, рече 63-годишниот актер во интервју за „АБЦ Њуз“, потенцирајќи дека веќе не е заинтересиран за идни проекти.

Тој изјави дека чувствува неверојатна тага и жалење, но не и вина.

„Некој е одговорен за тоа што се случи, не можам да кажам кој, но не сум јас“ , рече Болдвин.

Актерот посочи дека е суштински да се открие кој го ставил куршумот во пиштолот, кој требало да биде празен.