Легендарниот НБА кошаркар Меџик Џонсон ја закотви јахтата Акила долга 85.6 метри на пристаништето во Сплит. Познатата јахта е изградена во 2010 година и може да смести 12 гости, што му овозможи на Џонсон да ужива со мал круг пријатели, а за овој луксуз плати неверојатни 150 милиони долари. Инаку, станува збор за јахта која има должина од 86 метри, а во неа има домашно кино, дискотека, теретана, џакузи и ресторан. Покрај 12-те гости, на неа секојдневно има и поерсонал од дури 28 членови, кои се грижат за услугите на врвно ниво.

Според хрватските медиуми, една недела за изнајмување чини 945.000 евра со дополнителни трошоци, кои исто така не се мали.

Меџик беше член на Лос Анџелес Лејкерс од 1979 до 1991 година, тим со кој ја освои титулата во 1980, 1982, 1985, 1987 и 1988 година. Трипати беше МВП на финалето, 12 пати играше на Ол-стар и три пати беше МВП на сезоната.

Неговата цел е да крстари по Јадранот, така што патешествието го продолжи. Инаку, мештаните на Сплит не го криеја своето воодушевување кога во својот град го видоа петкратниот НБА шампион.