Најљубоморните хороскопски знаци, посесивни до „коска“

519

Оние кои ги обзема љубомора, тоа го изразуваат на разни начини – некои прават голама галама и започнуваат караници, а некои пак, проголтуваат сè во себе и страдаат до моментот кога веќе не можат да ја поднесат ситуацијата.

Прочитајте кои хороскопски знаци се најсклони кон оваа емоција:

Риби

Рибите се постојано љубоморни кога се во врска. Тие имаат најголем страв од напуштање, па затоа често замислуваат некои работи што не се случуваат. Ако нешто им стане сомнително, тие исто така се подготвени да го шпионираат својот партнер за да видат за што станува збор.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија имаат најголеми потешкотии да ги контролираат испадите на љубомора. Тие се многу посесивни и не сакаат кога нивната подобра половина е во друштво на спротивниот пол, кога тие не се присутни.

Лав

Најголемите егоисти, Лавовите, никогаш не сакаат да бидат надвор од центарот на вниманието. Тие лесно можат да станат љубоморни и на вашата најдобра другарка исто така, доколку посветите премногу внимание на истата

Овен

Може да биде љубоморен дури ако мисли дека неговиот партнер се забавува повеќе, а работите стануваат полоши доколку партнерот се забавува со други. Тие сакаат да бидат број еден, а најмногу се љубоморни во љубовните врски.

Бик

Посесивни се и може да го гледаат партнерот како сопственост. Имаат проблем со заборавањето. Такви се затоа што вложуваат многу труд и време во врската и сметаат дека нивните партнери треба да се само нивни.