Најстариот премиер на светот има 94 години и не размислува за пензија

76

Малезискиот премиер Махатир Мохамад (94) навести дека можно е да побара да остане на власт и по 2020 година, иако претходно вети дека ќе го отстапи своето место на наследникот Анвар Ибрахим.

Одговарајќи на форум во Доха за тоа дали ќе отстапи од функцијата и ќе замине во пензија во 2020 година, тој рече дека сака да ги реши проблемите направени од претходната влада.

„Ветив дека ќе отстапам кога ќе решам некои од главните проблеми и водството ќе му го предадам на кандидатот што го именуваше коалицијата“, рекол Мохамад.

Сепак, не прецизирал кога ќе се повлече.

Мохамад претходно вети дека ќе му ја предаде власта на Анвар Ибрахим и покрај новите обвинувања за сексуално вознемирување против него.

Сепак, Мохамед рече дека не може да гарантира кој ќе го наследи на премиерската функција.