Најсреќната земја во светот го споделува „тајниот рецепт“:Бесплатен пат и курс за сите што сакаат да научат да бидат среќни како Финците

284

Финска, најсреќната земја во светот, подарува бесплатни патувања во таа земја за четиридневен курс за финска филозофија и животен баланс.

Првиот фински „Мастерклас за среќа“ ќе се одржи од 12 до 15 јуни во Куру ресорт, луксузно одморалиште покрај езеро во јужна Финска.

Финтата е што само десет луѓе ќе добијат можност да учествуваат. За избраните, таксите за курсеви, плус патните трошоци, ќе бидат целосно покриени. Пријавите за посетување на курсот се отворени до 2 април. Заинтересираните патници треба да пополнат формулар и тест на социјалните мрежи што открива „ако можеби сте тајно Финец“.

Visit Finland нагласува дека другите ќе добијат можност подоцна бидејќи се планира уште еден курс на крајот на летото.

„Нема национална тајна зад финската среќа“, изјави Хели Хименез од владината организација Business Finland за странските медиуми. Со овие курсеви, Финците сакаат да докажат дека секој може да научи како да биде среќен.

За потсетување, Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според World Happiness Report. Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.