Славните очила за сонце со округли стакла кои му припаѓаа на легендарниот Џон Ленон беа продадени денес на аукција за 137 500 фунти, дваесет пати повеќе од првобитната цена, на аукција на Сотби во Лодон.
Очилата ги продал Алан Херинг, кој во текот на 60. Години од 20.век им беше возач на Ринго Стар и Џорџ Харисон, исто така членови на „Битлси“. Ги пронашол заборавени на задното седиште од автомобилот во 1868 година.
Херинг раскажал како еден ден ги собрал Стар, Харисон и Ленон и „ги одвезол момците на работа“.
„Кога Џон излезе од автомобилот забележав дека ги беше оставил очилата за сонце на задното седиште и дека едното стакло беше пукнато. Го прашав дали сака да ги поправам. Тој ми рече:’Не грижи се, тие се само заради стил’, рече некогашниот возач и додаде дека никогаш не ги поправил туку ги чувал онакви какви што ги оставил Ленон.
На аукцијата беа понудени и други предмети поврзани со „Битлси“, како бисерен гердан со ѕвонче што му припаѓала на Џорџ Харисон и која се продаде за 10 000 фунти.
„Џон Ленон и неговите славни округли очила за сонце не можат да се одвојат (…) Тоа се најлегендарните очила за сонце во историјата на рокенролот“, изјави Габриел Хитон, еден од експертите во Сотби.