Холандската ракометарка Естевана Полман, која важи за една од најдобрите во светот, сериозно се повреди на тренинг и ќе пропушти голем дел од новата сезона.

Ракометарката на Есбјерг и сопруга на поранешниот фудбалски репрезентативец на Холандија, Рафаел ван дер Варт ги скина вкрстените лигаменти на десното колено, што е една од најсериозните и најболни повреди во спортот.

Полман најмалку шест месеци ќе заздравува од повредата, а потоа ќе започне со процесот на враќање на терените. Кандидатката за ракометарка на годината за цел има да биде спремна за Летните олимписки игри во Токио, кои планирано е да се одржат следното лето.