Најбогатото семејство на светот заработува 70.000 долари во минута

127

Кога ќе завршите со читањето на четвртиот пасус од овој текст, најбогатото семејство во светот ќе биде побогато за уште 70.000 долари.

Tоа значи дека за еден час ќе инкасираат дури 4,2 милиони долари, а во исто време утре ќе бидат побогати за 100 милиони долари.

Семејството Волтон, сопствениците на најпознатиот американски малопродажен синџир „Волмарт“, располагаат со нешто повеќе од 190 милијарди долари. Тоа е за 39 милијарди повеќе отколку во јули минатата година.

Помеѓу членовите од семејството Волтон најбогат е Џим со богатство проценето на 48,8 милијарди долари, а веднаш зад него е неговиот брат Роб (48,8 милијарди долари), а потоа е сестрата Елис (48 милијарди долари).

Лукас Волтон, синот на третиот брат Џон, кој почина во 2015. година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари.

Ен Волтон Кроенк и Ненси Волтон Лори, ќерката на коосновачот на „Волмарт“, Бад Волтон, „тешки“ се по околу шест милијарди долари. Кристи Волтон, вдовица на Џон Волтон има богатство вредно 16,7 милијарди долари.