Националната Арена „Тодор Проески“ доби нова трева (ФОТО)

43

Во период на стопирани спортски активности во државата, Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Републиката Македонија – Скопје (ЈПССДП), изврши генерална реконструкција на тревната површина на Националната Арена „Тодор Проески’’.

Постапката е од исклучителна важност, особено ако се земе предвид дека ова е единствен стадион во државата кој ги исполнува сите услови за меѓународни натпревари. На него се играат и  домашни првенства, па со самото тоа Националната Арена е меѓу најексплоатираните стадиони по број на одржани настани.

Во рамки на генералното реконтруирање извадени се чепови за подобра дренажа на теренот, извршено е површно гребење за отстранување на коровод на тревата, пресеан е комплетниот терен со високо квалитетни семиња кои ќе обезбедат тревна подлога по сите светски стандарди ,а површината е порамнета и со екстра фин песок и тресет за квалитетна основна подлога.

Оваа комплетна реконструкција  ќе донесе  долгорочен  позитивен ефект за формата,издржливоста  и квалитетот на тревната површина, и ќе значи коплетна подготвеност на стадионот за претстојниот период кога ќе треба да се доигра домашното  фудбалско првенство,  како и  останатите меѓународните натпревари предвидени за периодот кој следува, одобено бараж дуелот од Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово, натпревар кој треба да се одигра во јуни годинава. Но, овој натпревар би можел да не се одигра во јуни, туку од во периодот од 3 до 5 септември, меѓутоа и овој датум не е официјално потврден од УЕФА.

Со оваа реконструкција нашите спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, како што впрочем им обезбедуваме со години наназад.