Сините очи кријат неверојатна вистина. Ова го тврдат научници кои откриле една работа која е заедничка на сите луѓе со сини очи. Имено, научниците со години го проучувале генот OCA2 чии носители имаат кафени, зелени или костенливи очи, обидувајќи се да откријат на кој начин тој мутира, пишува Sciencedaily.com.

Но, научниците цело време гледале во погрешна насока. Мутацијата всушност била пронајдена на генот HERC2, кој делува како прекинувач кој ја исклучува кафената боја, поради која ја гледаме сината боја.

Поради тоа можеме да кажеме дека синооките луѓе, всушност се луѓе со „лажни кафени очи“. Истражувањето исто така тврди дека само луѓето со европско потекло имаат сини очи.

Научниците веруваат дека оваа мутација се случила кај првите миграции на нашите предци кон северот на Европа.