Наставник кој одбил да се вакцинира или тестира добил отказ: Прв случај во Хрватска

317

Наставник во Техничкото училиште во Бјеловар, кој не дошол на работа од 16 ноември бидејќи не сакал да се тестира или вакцинира, повеќе не е вработен во тоа училиште, пишува Јутарњи лист.

По две предупредувања пред отказот, директорот на училиштето Дарио Малогорски во понеделникот го потпишал документот за раскин на договорот за вработување на наставникот. Во училиштето бил вработен од 1 септември оваа година.

„Причината за раскинувањето на договорот е несогласување со мерките, морам да кажам дека мојот колега не правеше скандали, не се закануваше, не доаѓаше на училиште, едноставно не се согласуваше со воведената мерка и не доаѓаше на работа од нејзиното воведување“, рече Малогорски

„Во оваа ситуација ова е најдоброто решение. Не можам да навлегувам во неговите принципи, но потенцирам, мојот колега беше навистина коректен, освен што не доаѓаше на часови, па моравме да организираме замени“, изјави директорот.

Училиштето ќе објави оглас за вработување на нов наставник.