Намирници кои го чистат организмот од никотин

159

Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин да го исчистите вашето тело од никотин е со помош на овие намирници.

Спанаќ

Фолната киселина многу е важна за нормалната работа и развојот на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотинот. Големата количина фолна киселина се наоѓа во спанаќот.

Брокула, карфиол, зелка

Овој зеленчук е исклучително здрав. Освен што содржи полифенол кој што се покажал корисен во намалување на разните воспаленија во дигестивниот тракт, исто така содржат и антиоксиданси кои што го чистат телото од многубројни токсини. Гответе ги што пократко за да ги задржите нивните нутритивни вредности.

Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот многу побрзо старее и дехидрира. Пиењето голема количина домашна витаминска вода која што лесно може да ја направите сами, како и зелениот чај преполн со антиоксиданси ќе го исчистат никотинот од телото.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Доколку сакате да се ослободите од ваквите несакани ефекти од пушењето, јадете моркови. Тие содржат големи количини витамин А, К, Ц и Б, кои се главните чистачи на организмот. Исцедете го морковот во соковник измешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.

Киви, лимон и портокал

Освен вода, пушењето од телото ги исфрла и витамините А, Ц и Е кои што го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разните инфекции и бактерии. За да ги надополните изгубените витамини, посегнете по киви или пак направете си лимонада. Сокот од портокал го хидрира телото, му ги обезбедува потребните витамини, но исто така го чисти организмот од никотин. Исцедете два портокали, додајте малку вода и пијте меѓу оброците.