Зајон Вилијамсон беше прв пик на НБА драфтот, но во најсилната лига во светот се уште не дебитираше. Минатата година беше вистински хит во Универзитетот Дјук, но не успеа да ја освои титулата.

Потоа беше избран од првата позиција на драфтот од страна на Њу Орлеанс, но поради проблеми со повредите не доби можност за деби во НБА. Се пишуваше дека Вилијамсон ќе заигра на дуелот против Детроит, но остана на клупа, а камерите го „уловија“ како спие.