Откако се закити со тринаесетата титула на грен слем турнирот Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, порача дека нема планови за наредниот период, односно дека нема намера да игра на преостанатите турнири до крајот на годината.

Во својата последна колумна познатиот тениски новинар Стив Флинк, откри дека шпанскиот тенисер ќе земе одмор до Австралија опен. Во Мелбурн, Надал ќе ја напдне 21. грен слем титула во кариерата. Овој турнир треба да се одигра од 18. до 31. јануари наредната година.

-Мојата претпоставка е дека нема да игра до крајот на 2020 година. Вистина, турнирите во сала не му се омилени, никогаш го нема освоено завршниот мастерс и би било одлично кога би го сторил тоа во услови кои не му одговараат. Но, главните причини за да игра на мастерсот во Париз и Завршниот турнир во Лондон е да ја заврши сезоната на првото место на АТП.  Тој, Федерер и Ѓоковиќ  пет пати во кариерата успеваа да ја завршат кариерата на лидерскто место.  Надал сигурно би сакал да го направи тоа по шести пат. Заостанувањето во однос на Ѓоковиќ му е 1.890 поени и токму заради тоа нема да може да ја анулира до крајот на годината. Затоа ќе одмара и ќе се појави во најдобра форма на Австралија опен, вели Флинк.

Американскиот новинар уште порача како Надал ова време ќе го помине дома и ќе се подготвува за Австралија опен, каде ќе ја има првата можност да стане тенисер со најмногу грен слем титули во кариерата. На него во прилог му оди и тоа што АТП ја промени одлуката и ќе ги „чува“ бодовите до март, а тоа не му создава притисок на Шпанецот дека мора да игра до Мелбурн.