Надал додека стои на нозе ќе биде главен фаворит на Ролан Гарос 

164

Тенискиот тренер Франциско Роџ, зборуваше за здравствената состојба на првиот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал. Тој се осврна на нестварниот успех на Надал во Дејвис Купот и ги анализираше подготовките за наредната сезона. Шпанецот забележа осум победи во шест дена во Мадрид и на својата земја ѝ ја донесе популарната „Салатара“.

-Мислам дека тоа беше голем успех. Играше многу натпревари и имаше многу среќа неговото тело да го издржи тоа. Тој сега има проблем со повредите на левата рака и ќе одмори некое време. Оваа повреда го натера малку поинаку да игра форхенд. Сега прима третмани, а во декември ќе игра егзибиција во Абу Даби од каде ќе отпатува за Мелбурн каде ќе игра на Австралија опен, изјави Роџ.

Поранешниот шпански тенисер објасни и на што треба да се фокусира Рафаел Надал.

-Тој секогаш мора да напредува, малку во волеите, во барањето винери од форхенд, но и во повратните удари. Не е можно да се каже уште колку ќе игра, но мислам дека тоа ќе бидат уште две-три години. Сега помалку тренира, но игра многу поинтензивно на натпреварите, анализираше Роџ.

Меѓутоа и поранешниот тренер на Швајцарецот Роже Федерер, Пол Анакон, кажа неколку збора за Рафаел Надал. Тој смета дека Надал може да го престигне Федерер по бројот на освоени грен слем титули, а како главно оружје го гледа турнирот на земја – Ролан Гарос.

-Нема шанси Надал да не дојде до 20 титули во кариерата. Тој ќе биде главен фаворит на Ролан Гарос сè додека може да стои на нозе. Но, ќе бидам изненаден ако во новата сезона не видиме еден нов освојувач на грен слем трофеј од друга генерација, изјави Анакон.

Шпанецот има 12 титули на Ролан Гарос и е првиот тенисер во историјата кој успеал да дојде до таа бројка на еден грен слем турнир.