Над 65 илјади земјоделци аплицирале за субвенции

58

Успешно заврши пријавувањето за користење на финансиска поддршка во земјоделството. До крајниот рок односно до петок, ( 31- ви јули 2020), барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65,554 земјоделци, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на агенцијата, Николче Бабовски, истакна дека во соработка со Подрачните единици на МЗШВ, и оваа како и минатите години, успешно го реализираа процесот за аплицирање.

„ Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел на земјоделци кои не знаеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите побараа помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ. Согласно препораките за превенција од „Ковид 19“ и почитување на протоколитте сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството.“ –преку соопштение појаснува Бабовски.

Бабовски, посочи дека Агенцијата заедно со Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и досега и во иднина ќе продолжат да креираат Програми и мерки за развој на агро секторот.