Награда „Тоде Петревски“ за карикатуристот Блаже Докуле

102

Годинашен добитник на наградата „Тоде Петревски“ е познатиот битолски карикатурист Блаже Докуле, кој најчесто објавува карикатури во националниот и
локалниот печат и зад себе има 50 годишна успешна кариера во областа на карикатурата.

Карикатуристот Блаже Докуле соработувал со бројни специјалзирани сатирично – хумористични весници од државата и странство, како што се белградски „Јеж“, словенечка „Павлиха“ и македонските весници Нова Македонија, Вечер, Екран, Остен, Дело, Република, Комунист, Трудбеник, Битолски весник, детските веснци Наш Свет, Развигорче, Борба и Насмевка.

Во својата кариера нацртал над 50 илјади карикатури, цртежи, илустрации
и стрипови.

Наградата која ја доделува Битолски весник, на Докуле во присуство на членови на
семејството Петревски, му ја додели главниот уредник Менде Младеновски.