Навивачи на Лејкерс се собраа пред „Стејплс центар” во чест на Коби Брајант

38

Стотици навивачи на Лос Анџелес Лејкерс излегоа пред „Стејплс центар” да му укажат последна почит на нивниот миленик и една од најголемите ѕвезди во историјата на клубот, Коби Брајант.

Четириесет и едногодишниот Брајанат денес почина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тој полетал со неговиот приватен хеликоптер заедно со неговата ќерка Џиана, уште двајца патници и пилотот. Ниту еден од патниците не ја преживеа несреќата по падот на хеликоптерот во Калабасас, Калифорнија.