На шопинг во Менхенгладбах

46

Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, сака за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на стандардните првотимци во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах, Денис Закарија и Маркус Турам.

Менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп во Закарија гледа идеален наследник на Џордан Хендерсон, а во Турам замена за Роберто Фирмино. Англиските медиуми открија дека Ливерпул е подготвен за двоецот да одвои околу 88 мил. фунти.