Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на денешната прес конференција, откри кои мотиви ќе ги има на хрватските кованици на еврото.

„Секоја земја има можност на едната страна од кованиците да има некои национални мотиви. Се искристализираа неколку предлози. Мотивите ќе бидат – шаховницата и тоа на сите кованици, потоа картата на Хрватска, куна, Никола Тесла и глаголица“ – соопшти Пленковиќ.

„Шаховницата како хрватски белег ќе биде подлога, па потоа картата на Хрватска ќе ја има на кованицата од две евра, куната ќе биде на едно евро, Тесла на 50, 20 и 10 центи, а глаголицата на која ќе пишува HR,  на 5, 2 и 1 цент“- појасни хрватскиот премиер.