На Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андрески“ презентирани најновите достигнувања од областа на стоматологијата

Доктор Лилјана Бабамова од компанијата „Превента“, студентите и докторите на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андрески“, поблиску ги запозна со иновативниот систем кој работи на принцип на воздушна абразија, наменет за отстранување на кариес без болка

1011

На Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андрески“ беше извршена презентации на најновите достигнувања од областа на стоматологијата. Како резултат на соработката со компанијата „Превента“ беше претставен најновиот апарат кој работи на принцип на воздушна абразија, четките за заби со влакна од природна керамика на јапонскиот бренд Mizuha и технологијата на белење BioWhiten.

Доктор Лилјана Бабамова од компанијата „Превента“, студентите и докторите на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф. д-р Бојо Андрески“, поблиску ги запозна со иновативниот систем кој работи на принцип на воздушна абразија и има повеќе намени во областа на стоматологијата.

-Sandman Futura третманите со воздушна абразија во повеќето случаи се безболни и нема потреба од анестезија, даваат можност за третирање на повеќе заби одеднаш, а трајноста на пломбите е значително зголемена. Данскиот систем  Sandman Futura обезбедува иновативен и патентиран метод за отстранување на кариозни маси без болка, вели Бабамова.

Освен за тераписки апаратот може да се користи и за профилактички цели за отстранување на пигментираните делови од забните површини. За таа цел се користи посебен прашок кој овозможува заштита на забните површини од нивно оштетување. Прашокот не може да го отстрани забниот камен, но може да се користи за полирање на забите и за отстранување на никотински дисколорации кои не можат да се отстранат со ниту еден друг апарат.

Според докторката Бабамова предностите на овој апарат се едноставноста, брзината во употребата, не ослободува топлина, звук и вибрации, а третманот е безболен. Анестезија не е неопходна и истиот може да се користи кај деца и постари лица со нагласена чувствителност и страв од стоматолошки интервенции.

Четките „Crystal Fresh“ се јапонска иновација со влакна од природна керамика, која успешно го отстрануваат забниот плак. Четките можат да се користат со или без паста за заби, а влакната се природни и меки и даваат чувство на полирани заби до висок сјај.

-Влакната на четките „Crystal Fresh“ се меки и не постои опасност од оштетување на емајлот на забите и гингивите. Четките ќе ви помогнат да го победете кариесот, воспаление на меки ткива, забен камен и парадентоза уште пред да се појават. Негативните јони ослободени во текот на четкањето ќе ви помогнат вашите заби да останат совршено чисти, мазни и блескаво сјајни и отпорни на таложење на нови наслаги, вели доктор Бабамова.

Што се однесува до технологијата за белење BioWhiten – прво биолошко средство за белење кое не прави никакво оштетување, а дава ефекти уште при првиот третман. Третманот трае 50 минути и се изведува во стоматолошка ординација. Овој третман не ги оштетува забните структури и не предизвикува чувствителност на забите по третманот.

Фото: Ѕ.Плавевски