На славеничкиот концерт на татко му Перо Христов, синот си ја запроси девојката – Премиерот Заев испрати честитки!

879

Меѓу гостите во првиот ред и првиот струмичанец, македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица кој му го честиташе музичкиот јубилеј на својот сограѓани, но исто така Зоран и Зорица за своја душа додека Перо од сцената пееше и тие со задоволство, заедно со него, си го пееја омилениот рефрен од евергринот “Во црно вино утеха нема“.

Среда, среќен ден, топла есенска ноемвриска ноќ… Домот на Армијата во Скопје исполнет до последно место. Кој тоа измислува дека овој народ не си ја сака својата музика, не си ги сака своите пејачи. Напротив! Треба само добра организација, добар менаџер, квалитетна идеја и, секако, да не се лажеме, треба и добри спонзори. Кога сето тоа ќе се спои во едно се добива тоа: концерт за паметење! А поводот е тој, празникот на музиката прелеан во славеничкиот концерт на легендарниот Перо Христов – 50 години од неговата музичка дејност. Во публиката насмеани, расположени и многу дотерани луѓе. Мислиш, немаат проблеми. Имаат, но за два часа колку што траеше концертот, луѓето своите проблеми ги оставија зад себе, посакувајќи да се опуштат и да уживаат во незаборавните песни (и од нивната младост), песни кои од срце и душа ги пее овој талентиран музичар, родум од Струмица.

И, секако, меѓу гостите во првиот ред и првиот струмичанец, македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, исто така дојдени и дотерани, за да му го честитаат музичкиот јубилеј на својот сограѓанин, но и да си ги слушнат своите најомилени мелодии, од репертоарот на Христов. Па, така Зоран и Зорица за своја душа, додека Перо од сцената пееше, и тие со задоволство заедно со него си го пееја рефренот од евергринот “Во црно вино утеха нема“.
Не изостана ниту славната “Евридика“, забавна поп-балада со која Перо нè потсети дека почетоците од кариерата му биле во шлагерските води.

-Стартував со забавната музика кога морав да се докажувам во тоа време со многу популарните Мишо Ковач, Лео Мартин, Здравко Чолиќ, Славе Димитров, Драган Мијалковски, Чоби, Кичо Слабинац, па дури потоа се префрлив во фолкот. Пеам од средношколски денови, а во 70-тите бев прогласен за Златен глас на тогашната држава Југославија, нè потсети Перо на дел од својата успешна кариера.
На свечено украсената сцена настапија многу драги колеги на Перо кои со него испеаја убави песни, така што сите заслужуваат едно големо браво и еден голем аплауз, за: Маргица Антевска, Игор Ангелов, Кате од “Нели ти реков“, Благица Калева, дуото Маротови, групите “Интервали“ и “Арија“, придружните вокали… Но, имаше и голем број од неговите колеги, поканети гости, и во самата публика. Па, Перо понесен од одличната атмосфера, во еден момент слезе во публиката покажувајќи на тој начин дека местото му е всушност со народот и за народот. Токму затоа е тој омилен народен пејач!

И како јаготка на шлагот на оваа славеничка торта дојде оној момент кога на сцената излезе синот на Перо, кој пред толпа луѓе и пред премиерот Заев за својата идна сопруга си ја побара својата долгогодишна девојка. Запросувањето се случи токму тука сред славенечкиот концерт на неговиот тато Перо, а тоа е инаку и желбата на целото семејство кое сè до тој момент овој чин го држеле во слатка тајност. Емоциите, насмевките и солзите радосници беа присутни на секој чекор, на сцената, но и после на свечениот коктел во скопскиот “Холидеј Ин“ каде се славеше долго во ноќта, кога тато Перо на синот и сега веќе својата снашка, пак им ги запеа нивните најомилени песни….
Фото-текст Дуле Миќиќ                                                                                              /Строго забрането е превземање на овие слики и овој текст за потребите на други портали/