На местото на трагедијата во Бејрут поставена скулптура од остатоци во експлозијата

230

Скулптура на жена изработена од парчиња стакло, железо, жица и други остатоци во пристаништето Бејрут беше подигната оваа недела од либанскиот уметник Хајат Назер. Скулптурата стана дел од главниот град на Либан.

Назер ги замоли луѓето да му донесат значителни предмети што беа скршени и уништени во експлозијата што го погоди Бејрут, како рамки за слики, скршени часовници и дрвени столици.

Скршено стакло, градежен шут и предмети од уништените куќи беа собрани по експлозијата на 4. авгист годинава, во која загинаа речиси 200 лица и беа повредени илјадници луѓе.

Скршениот часовник, потпрен на нозете на жената, покажува 18.08 часот, времето во кое се случи катастрофата. Таа ја крева раката во правец на разурнатиот град.