На Вардариште затекнати лица кои спалувале кабли

294

Дежурните комунални редари на Град Скопје локација Вардариште вчера затекнаа лица што вршат спалување на кабли.

– Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава – информираат од Инспекторатот.

Жители околу Вардариште велат дека вакви огнови има секој петок попладне и за викенди.

– Вие мислите од ова оганче се оние црнила и пламени од петокот 10.09.2021 преку Вардар во Г.Баба, смешно е навистина? Тој оган е од гумишта. Кој има купишта гуми, ете тој да го барате, и оваа багра нека се гони, ама поголемата да ја фатите, ете тоа е битното! Претпоставувам дека е некој производствен погон кој работи со гуми, таков пламен и црн облак од две до три гуми, не се прави, да не се лажеме. Ќе видиме до следниот петок, зошто обично во петок попладне и за викенди, палат и не трујат! Во спротивно ова ќе ми личи на предизборен трик, ништо повеќе – коментира Лилјана.

– И што ако ги фативте? Утре пак ќе палат – вели Виктор Б. 

Дека Виктор е во право, потврди видеото што пред два часа го објавија на Ѕид на општина Гази Баба. Видеото беше снимано во живо и на кое се гледа како е фатен уште еден палач на кабли.

(С.Бл.)

Posted by Dejan Dimitrovski on Sunday, September 12, 2021