На Богојавление:Во Скопје осветување на водите на Вардар и положување на чесниот крст на мостот „Слобода“

63

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА задутре на празникот Богојавление – Водици  ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотел „Холидеј ин”.

-Ги замолуваме богољубивите Христијани, кои сакаат да земат учество во празничните богослужби, како и на оваа манифестација, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот, информираа од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА.